еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Шест жртви во поплавите во Словенија, штетата над половина милијарда евра

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Словенија денеска се зголеми на шест, откако беа пронајдени телата на маж кој работеше на поправка на штетите и уште едно тело во надојдената река Теменица, јавува СТА.

Во текот на претходната ноќ, пожарникарите интервенирале за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.

Одредени области се уште се поплавени, многу патишта се уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, ризикот од одрони на тие места ќе се зголемува.

Речиси две третини од територијата на Словенија е под вода, а засега штетите се проценуваат на 500.000 евра.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека Словенија се соочила со најтешката природна катастрофа во својата понова историја и дека предизвиканата штета е незамислива и „веројатно повеќе од половина милијарда евра“.

И покрај поплавите не е загрозена нуклеарната безбедност на нуклеарната централа Кршко.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за еден денар

Редакција

(Видео) Македонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување: Да направиме место за емпатија, разбирање и блискост

Редакција

Заев: Мојот приход е 87.000 денари, а со новиот данок ќе бидат опфатени плати повисоки од на премиерот и претседателот

Редакција