еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради поплавите, Македонија ќе испраќа војници во Словенија, побарана помош и во механизација

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека како контакт точка на Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи, односно преку Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи, пристигнато е барање за помош на Словенија.

-Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Северна Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат, а дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност, информираат од ЦУК.

Од Министерството за одбрана за МИА потврдија дека во Словенија може да се испратат 100  припадници на Армијата, но дека за тоа конечната одлука ќе ја донесе Владата.

До Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ пристигна барање за помош на Словенија со тешка механизација, односно булдожери, багери и слично.

Директорот на ДЗС, Беким Максути, во изјава за МИА, го потврди ова барање на Словенија преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ и рече дека ќе се постапува согласно одлуката на високите инстанци на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест жртви во поплавите во Словенија, штетата над половина милијарда евра

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Ќе ја решиме меѓународната криза со храна, ако Западот ги укине санкциите

Редакција

Тендер „тежок“ 11,2 милиони евра: Министерството за здравство склучи договори за набавка на вакцини со четири компании

Редакција

Брендот Shell пристигна во Македонија, отворени две бензиски станици

Редакција