еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шоле и Ескобар ја одложија посетата на Македонија за по Нова година

Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле наместо в среда како што беше најавено од Стејт депратментот, ќе ја посети Македонија по Нова година, потврдија за МИА од Амбасадата на САД во Скопје.

Од Амбасадата велат дека добиле известување оти американскиот тим кој денеска е во Косово, ја одложува посетата на Скопје по Нова година. Нема објаснување кои се причините за одложувањето.

Заедно со Шоле во Скопје се очекуваше да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој од вчера е во Косово.

Според првичната најава од Стејт департментот, Шоле во Скопје требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

Освен земјава, во програмата на Шоле од 11 до 17 декември, беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија.

„Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот,“ информираа од Стејт департментот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На мета на тимот од САД кој дојде во Македонија и актуелен пратеник од власта, објави КОД

Советникот на Стејт департмент, Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела шест лица по третпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

(Фото) Откри ли повторно Александра Заева, каде е на скијање татко и?

Редакција

Петков тврди дека Бугарија имала желба за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените прашања со Македонија

Редакција