Осмооделенецот, Дамјан Давков по освоеното злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) во текот на овој месец, ќе биде дел и од тимот за светската односно Интернационалната математичка олимпијада, која ќе се одржи виртуелно од 14 до 24 јули, а домаќин е рускиот град Санкт Петрбург.
За ученици до 20 години натпреварот ќе се одржи на 19 и 20 јули.
Деновиве на Јуниорската балканска олмпијада (ЈБМО) нашата македонска екипа освои три медали.
Штипскиот математички гениј Дамјан Давков освои злато, Алексиј Тасиќ сребро, Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски бронза.
Домаќин на ЈБМО беше Кишињев, Молдавија. Во тимот беа и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски. Набљудувач на тимот им беше проф.д-р Ѓорѓи Марковски.
Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а е во организација на Сојузот на математичари.
Околу четири ипол часа траел натреварот на олимпијадата, а учесниците задачите ги решавале на компјутер, со вклучени камери.
МИА/Фото: МИА