еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што е потребно за влез во Хрватска: Бидете подготвени на подолго задржување на граница, поради проверка на ковид-сертификатите

Хрватска како туристичка дестинација е отворена за туристите и се уште важи за безбедна земја, во однос на преносливоста на коронавирусот. Цела Хрватска е во зелена фаза, освен одредени делови на приморје кои се во портокалова фаза.

Што се Ви е потребно за влез

Но, за да влезете во Хрватска потребнa е одредена документација, односно потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антигент тест или потврда за прележан Ковид-19.

Она што исто така треба да направите е да го пополните формуларот Enter Croatia, со кој регистрирате влез. Формуларот бара информации за причините поради кои патувате во Хрватска и да се наведе адреса каде ќе престојувате. Исто така, бара да пополните дали сте вакцинирани, а доколку сте, треба да се „атачира“ потврдата за вакцинација како документ.

Доколку не сте вакцинирани, треба исто така да „атачирате“ документ со негативен ПЦР-тест, брз антиген тест или пак потврда за прележан Ковид-19.

Кога формуларот се пополнува, сите овие документи треба да Ви се при рака.

Кога ќе стигнете на хрватска граница, регистрирани сте во систем на граничната полиција, која врз основа на тој формулар Ве испрашува каде одите, а потребно е да се приложат и ковид-документите. Кју-ар кодовите на документите, се проверуваат на лице место.

Огромни гужви за влез

Имајќи ја предвид целата процедура и тоа што полицијата детално го прегледува секој документ, гужвите се огромни. Туристите заглавуваат на граница и по неколку часа. Оттука, многу е важно, психолошки да бидете подготвени, на поголемо чекање и задржување на граница.

Вчера, за влез во Хрватска се чекаше 3,5 часа, а колоната за излез од Хрватска спрема Србија беше долга 11 километри.

Безбедна дестинација

Во јули, имало 3,7 милиони странски туристи и биле остварени 25 милиони ноќевања, што е за 47 отсто повеќе странски туристи и 33 отсто повеќе ноќевања за разлика од истиот месец лани.

Странските туристи оствариле 21,6 милиони ноќевања, додека домашните туристи 3,3 милиони.

Овие бројки се 80 проценти од реализацијата на ноќевања и број на странски туристи во споредба со јули 2019 година, пред корона кризата.

Најпопуларни дестинации во јули биле Ровињ (909.000 ноќевања), Вир (856.000) и Пореч (734.000).

Најбројни се туристите од Германија (4,4 милиони), Словенија (3,7 милиони), Полска (2,4 милиони), Чешка ( 2 милиони), Австрија (1,9 милиони).

Хрватскиот туристички сектор, сезоната ја оценува подобро од очекуваното, а тоа се должи на добрите подготовки за сезоната, но и затоа што државата е прогласена за најбезбедна ковид-дестинација на Медитеранот.

Споредбено со рекордната 2019 година, годинава се остварени 65 проценти од резултатите.

Фото: Photo by Matthias Mullie on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ССМ постави 120 столчиња пред Собранието: Почна генералниот штрајк за поголеми плати

Редакција

Нови 73 случаи на Ковид-19, 66 оздравени и две починати лица

Редакција

Има заразени лица со корона вирусот, поради свадба што ја правеле дома

Редакција