еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Насер Нуредини, старо-новиот министер за животна средина и просторно планирање

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

Кој е Насер Нуредини

Насер Нуредини останува министер за животна средина и просторно планирање.

Нуредини е роден на 23 септември 1979 година во Тетово.

Кон средината на 80-тите години се преселил во Виена и се образувал на Виенската меѓународна школа. Високото образование го продолжил во Германија и Обединетото Кралство. Дипломирал на насоката меѓународен бизнис на Универзитетот во Мајнц и на Универзитетот во Брајтон, стои во неговата биографија.

Зборува албански, македонски, српски, англиски, германски и италиjански јазик.

Професионална кариера

Кариерата ја започнува во 2004 година во Виена како економски аналитичар, за веќе следната година работниот ангажман да го продолжи во Лондон.

Од 2005 до 2012 година работи како аналитичар за истражување на пазарот на капитал за листирани финансиски компании и недвижности во Источна Европа, потоа ја зазема позицијата заменик-претседател за менаџирање на инвестиции во Источна Европа во Уникредит банката, од каде преминува во ИНГ банката каде е назначен за директор за инвестиции на листирани корпорации на пазарот на Источна Европа.

Од 2013 година неговиот работен ангажман продолжува повторно во Виена, како консултант и менаџер. Неговата главна цел во овој период е привлекување на квалитетни, чисти и зелени инвестиции во регионот во кој живее, при што неговото меѓународно искуство  ја игра улогата на мост помеѓу Западна и Источна Европа, стои во неговата биографија.

Политичка кариера

Нуредини од јуни 2019 година ја извршува функцијата министер за животна средина и просторно планирање.

На парламентарните избори во 2020 година е избран за пратеник во Собранието на Македонија.

Од 30 август 2020 година повторно e назначен да раководи со ресорот животна средина и просторно планирање.

Зборува албански, македонски, српски, англиски, германски и италиjански јазик.

Учествува во хуманитарни активности на организации за борба против рак, како и за помош на деца со попреченост, стои во неговата биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Јована Тренчевска, новата министерка за труд и социјална политика

Кој е Адмирим Алити, новиот министер за информатичко општество и администрација

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Редакција

Мафијата дистрибуира бесплатна храна на најзагрозените семејства во Италија

Редакција

Бугарија одби да го регистрира македонскиот клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград

Редакција