еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во членот 2 од Договорот за добрососедство кој Бугарија го прекрши со ветото за преговарачката рамка

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на состанокот на амбасадорско ниво КОРЕПЕР, на кој се разгледува преговарачката рамка е прекршен членот 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и ја имаме првата блокада од оваа држава.

Ова, објасни Заев, значи дека е блокирана првата фаза од усвојувањето на преговарачката рамка на Македонија за пристапување во ЕУ.

Но што пишува во членот 2?

Според Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен на страницата на Владата, во членот 2 има две точки:

1. Двете Договорни страни ќе соработуваат во рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми.

2. Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО.

Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.

Затегнати односи

Министерството за надворешни работи во Софија вчера ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената преговарачка рамка за Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги даваат потребните гаранции за исполнување на бугарските услови.

– За Бугарија е неприфатливо нејзините услови за Република Северна Македонија да бидат поставени во декларацијата на Советот на ЕУ, што ја придружува рамката за преговори.

Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на што инсистираме, велат од бугарското МНР.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостување на „Само вистина“ на Канал 5 синоќа изјави дека: „Бугарија ни должи разбирање за нашето достоинство и македонскиот идентитет и на тие линии ќе продолжиме да работиме така како што досега работевме.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Бугарија ни должи разбирање за нашето достоинство и македонскиот идентитет

Бугарско МНР: Бугарија бара гаранции за нејзините услови во преговарачката рамка

Заев: Ја имаме првата блокада од Бугарија, прекршен е членот 2 од Договорот за добрососедство

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 130 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција

11 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 159 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

СЗО потврди напади на неколку здравствени центри во Украина кои предизвикале повеќе смртни случаи

Редакција