Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека ќе се изготви оперативен план за тоа како ќе функционираат општините Дебар и Центар Жупа каде што е прогласена кризна состојба поради превенција од корона вирусот.
Тоа би значело дека нема влез и излез во овие општини, а со оперативниот план точно ќе се утврди како ќе функционира градот, институциите, движењата и слично.
Според министерот, радикалните мерки се тие кои даваат резултати како што тоа се случило во Кина и во Италија.
Во рамки на договорените мерки од страна на Оперативниот штаб, Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ во Дебар врши дезинфекција на јавните површини и кантите за отпад.
-Се врши дезинфекција на сите јавни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот. Се изврши дезнфекција и на спортските игралишта и терени, како и на паркот во населбата Венец каде има детски реквизити. Редовно се подига и отпадот. Апелираме до граѓаните да бидат посовесни и отпадот да го фрлаат во определените места за тоа, изјави раководителот на Секторот за комунална хигиена, Омер Цами.
Сопствениците на 20-на кафулиња во градот самоиницијатвно ја прекинаа работата, а останатите работат до 18:00 часот, но, како што велат, поради слабата посетеност можно е и тие да стават клуч на објектите, пренесе МИА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четврица нови случаи од Дебар заразени од корона вирус, вкупно бројката достигна 13
Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин
Фото: Општина Дебар