Професорката Гордана Силјановска – Давкова е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на престојните избори.
Таа по изборот, им заблагодари на делегатите за довербата, посочувајќи дека многу добила од Македонија и дека е време да и врати за тоа.
„Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори, а камоли да се победи ако зад Вас не застане силна партија, а исто така, некој кој добил доверба од силна партија има обврска постојано да се држи до она што е најважно, односно владеењето на правото не води само во ЕУ, рече Силјановска Давкова.
Се осврна и на обвинувањата дека е националист.
„Не не сум националист, јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамките на Уставот за да бидат добри. Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од 10 години мојот брат има побратим Албанец. Може ли некој кој расте во таква средина да биде националист?“, рече Силјановска, која потсети на деветте позитивни извештаи од Европската Комисија.
„Советот велеше дека проблемот е во името, е па сега нека размислат. Тие се на ред да и пружат рака на Република Македонија, бидјеќи од секогаш сме биле дел од Европа“, рече Силјановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гордана Силјановска – Давкова е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата
Фото: Силјановска/Фејсбук