еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Синот на Џафери и сопругата на Абази ќе станат обвинители, сопругата на Муцунски судијка

Академијата за судии и јавни обвинители ја објави ранг листата со конечните резултати од полагањето на завршниот испит во Академијата за седмата генерација слуштатели, објави Фокус.

Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, за кого Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека положил правосуден испит пред да дипломира е 42. и е во групата на идните јавни обвинители.

На оваа листа е и сопругата на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази, која е 51. и таа како и Џафери ќе биде јавен обвинител.

Токму поради неа, Абази се повлече од Управниот одбор на Академијата каде беше предложен од Советот на јавни обвинители.

Сопругата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски пак е во редот на судиите. Симона Муцунски Бубевска е четврта на ранг листата.

Пред неа е Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска.

Драган Јосифоски е 13. на листата и е син на обвинителката, Елизабета Јосифоска, која беше во поранешното Специјално јавно обвинителство, е исто така во редот на идните судии.

Меѓу оние со завршен испит се синот на судијата во Виш управен суд Субхи Јакупи, Илир Јакупи. Тој треба да биде јавен обвинител исто како и синот на судијата во Апелација, Енвер БеџетиЈетмир Беџети.

Енвер Беџети е судијата известител за предметот за масовното прислушување, „Таргет-тврдина“, во кој е обвинет поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, а кого Судскиот совет го посочи дека го држел предметот со месеци во фиока и придонел за застарување на предметот.

Со полагањето на завршниот испит, ним им се отвора вратата да бидат избрани за судии или јавни обвинители од страна на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, пишува Фокус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кои европски земји луѓето поминуваат најмалку време на работа

Редакција

Трајанов: Мора сите да го видиме Протоколот, нецела страница добивме, мислам дека е тоа несериозен и неодговорен пристап

Редакција

Убава вест: 1.083 оздравени од Ковид-19

Редакција