еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Сиријците се борат за Русите во Украина за 5.000 фунти плата

На сириски борци им се нудат 5.000 фунти месечно, за да се борат на линијата на фронтот од руска страна во војната против Украина, објави Би-Би-Си.

Сириски борец кој доброволно се пријавил да се бори, во изјава за британскиот јавен сервис изразил верување дека Русија врши масакр во Украина, но, како што појаснува, „им помага на сиромашните Сиријци, кои не можат да си дозволат храна“.

Тој се пријавил доброволно поради парите. Му било кажано дека неговото семејство ќе добие 37.000 фунти доколку тој загине.

Медиумот додава и дека, според украинската Влада и една сириска невладина организација, во Сирија се поставени 14 центри за регрутирање борци.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Фотографии кои ќе ве вратат во детството: Санкањето во маало и радостите на снег

Редакција

Македонија ќе купува транспортни хеликоптери од Италија

Редакција

Поради притворот на Мијалков и Камчев и Законот за амнестија „висат“ уставните измени: Има потврда за 76 гласа

Редакција