Меѓу загинатите во несреќата во Бугарија се и пет ученици од основното училиште “Исмаил Ќемали” во Скопје.
Информацијата ја објавија од училиштето на Фејсбук.
-Трогнати од трагичниот настан во Бугарија, каде животот го загубија пет ученици од нашето училиште, директорката, учениците и сите вработени во училиштето “Исмаил Ќемали”, ожалостени и до длабока болка сочувствуваме со семејствата опфатени во оваа трагедија, напишаа од училиштето.
Вчера во училиштето немаше настава, а медиумите објавија дека сите деца биле во роднинска врска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Осум се деца: 12 лица од исто семејство загинаа во несреќата во Бугарија
Меѓу нив и мајка со четири деца: 20 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Општина Студеничани
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.