еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Меѓу нив и мајка со четири деца: 20 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Општина Студеничани

Градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садику изјави дека од вкупниот број на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од населените места од оваа општина.

Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се најдат причините, посочувајќи дека владите на двете држави треба да работат на пронаоѓањето на причините за трагедијата.

– Цела едно семејство: една мајка со четири деца и другата снаа со две деца се со потекло од селото Моране.

Друга причина што сме тажни и немаме зборови како да ја искажеме нашата жалост е нашиот колега матичар, кој што работи во Службата за матична евиденција во Скопје, кој со неговата сопруга загина.

Имаме и учителка од училиштето „Наим Фрашери“ од Студеничани, исто така со малолетно дете загинаа. Има загинати и од Долно Количани, рече Садику.

Садику потенцира дека според информациите што ги има, од седумте преживеани лица, четири се од Долно Количани.

– Ова е една голема загуба за сите нас, за цела држава и во име на граѓаните на Општина Студеничани најпрвин на роднините на загинатите им изразувам длабоко сочувство, Господ да им даде сабр за да ја издржат оваа болка, починатите да бидат наградени со Џенет.

Оваа е голема болка, човек не може да најде зборови како да ја искаже жалоста и болката. Црн ден за целата држава, а посебно за нашата општина, рече Садику.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Осум се деца: 12 лица од исто семејство загинаа во несреќата во Бугарија

Меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија е и српски државјанин, кој повреден помогнал во евакуација на патници

Сите биле во роднинска врска: Пет од загинатите деца во несреќата во Бугарија учеле во училиштето “Исмаил Ќемали”

Почната постапка за одземање на лиценцата на „Беса Транс“, немала извод од лиценца за автобусот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски за Призма: Инсистирањето да се вакцинираат прележените од Ковид-19 со две дози вакцина е нелогично

Редакција

Нови 53 случаи на Ковид-19, нема починати

Редакција

Кој го уби навивачот на АЕК, Грците велат хрватски, Хрватите грчки навивач

Редакција