еМагазин
Image default
Локално

Сите детали: Дилери удриле со автомобил во воз бегајќи од полицијата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 10 часот во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат“ со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во бегство кон рампа Хиподром, при што удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга.

Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1.000 таблети екстази и една кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја.

„По извршеното легитимирање, констатирано е дека лицето е Х.М. (43) од Скопје, а по извршен преглед на возилото пронајдени се и 800 грама марихуана и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пожар целосно изгоре куќа во Кичево, приведен сопственикот

Редакција

МВР го уапси убиецот на сопственикот на кафаната „Гурман“ во Кичево

Редакција

Казната е од 100 до 400 евра: Две прекршочни пријави за лажно повикување полиција во Тетово

Редакција