еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: Најголем дел од новозаразените со коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

Вчера во Македонија беа регистрирани нови 22 случаи на заболени со коронавирусот.

“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години (9), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 15 женски и 7 машки лица.

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување.

Кај седум лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 15 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а 4 лица имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 406 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 22 или 5,4% од тестираните.

Регистриран е еден смртен случај од COVID-19. Се работи за пациент на 66 години, од Струга. Кај починатата симптомите започнале на 23.03.2020 година, а на 27.03.2020 е регистриран смртен исход. Имала контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

37 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор

Расте бројот на здравствени работници со коронавирусот, 16 се заразиле во болница

Во Битола прв случај: Како изгледа мапата на заболен со коронавирусот по градови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договор од 5,1 милиони евра склучи Министерството за образование и наука со „Хоџа инженеринг“

Редакција

Од ДУИ велат дека немаат ништо со упадот во Контрола за летање, и покрај тоа што во истиот е вмешан нивни функционер

Редакција

Убава вест: Оздравени 201 болни од Ковид-19

Редакција