еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сите пациенти ќе може да се лекуваат во јавното здравство, уверува Филипче

Можеме апсолутно сите пациенти во целокупниот период кој е пред нас да ги изменаџираме со третман во јавно здравстените установи. Имаме конкретен план не само за скопските инфективни одделенија, туку и за сите болнички инфективни одделенија во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Приватните болници уште на почетокот на кризата можат да хоспитализираат заболени од Ковид-19 само доколку за време на лекувањето на пациенти кои редовно ги лекуваат им се констатира присуство на корона вирусот и тоа во одделенија за интензивна нега.

Тоа беше тогаш дозволено за да може да се менаџира, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на производствениот капацитет на првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот студено време со сончеви периоди, температурите под просекот

Редакција

Во Берово утрово најстудено, температурата во Македонија денеска од 9 до 15 степени

Редакција

Облачно и студено време денеска, со засилен северен ветер

Редакција