еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утре нов влажен бран со обилни врнежи во северозападните делови од земјата

Под влијание на влажен бран утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.

Како што најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, над 30 литри на метар квадратен.

Врнежите ќе продолжат и во петок кога локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Температурите утре ќе се движат од минимални четири степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лука, Јана и Софија најчести имиња во Македонија

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2020: Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

Редакција

(Видео) Сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата за „Телевизија 24“ вели: Веројатно станува збор за здравствен проблем на возачот

Редакција