еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сите вакцини штитат од тежок тек на болеста, тоа да го имаме на ум кога размислуваме дали да се вакцинираме, вели Петличковски

Сигурен, 100 процентно ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата, рече проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.

„Вакцини имаме на располагање, сите вакцини коишто се одобрени од Светската здравствена организација и другите авторитети во огромен процент што некогаш се движи до 100 проценти, штитат од тежок тек на болеста и тие се основните податоци што мора да ги имаме на ум кога размислуваме за тоа дали да се вакцинираме или да не се вакцинираме“, рече Петличковски.

Според професорот, тоа што во моментов имаме ниски бројки на заразени, не е доказ дека пандемијата е завршена. Во одредени земји кадешто има голем процент на покриеност со имунизација, вирусот има повторни обиди да се врати, можеби не со иста сила, но факт е дека со примена вакцина се исклучува можноста за тежок тек на болеста.

„Вестите и приказните за несаканите ефекти од разните видови на вакцини одеа циклично. Која вакцина ќе станеше достапна и популарна веднаш беше поврзувана со некои страшни приказни, многу од нив комплетно неосновани.

Тие приказни се појавувале и ќе се појавуваат, не очекувам да застанат, но на овие милиони, па и веќе милијадри покриени жители со вакцини, кога ќе ги сумираме бројките веќе гледаме дека станува збор за исклучително ретки случаи,“ додаде Петличковски.

Во однос на состојбата во која во моментов се наоѓаме, тој рече дека ова е ситуација која долго време ја очекувавме. Имаме мал притисок врз здравствениот систем, имаме вакцини на располагање и имаме доста сознанија од оваа година ипол поминати со пандемијата. Истражувањата и натаму продолжуваат во однос на тешко болните пациенти, смртните исходи, како и асимптоматските случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Грозданова: Лицата кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат најрано три месеци по оздравувањето

Д-р Драган Данаиловски: 95% од заразените со индискиот сој во Британија и Израел се невакцинирани или вакцинирани со една доза

Доктор Грозданова: Вакцината „Синовак“ е безбедна, во Кина се аплицира и кај деца над 3-годишна возраст

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ковачевски му подари дрес и топка на Рама

Редакција

Вонреден инспекциски надзор во битолската болница по смртта на шестгодишната Јана

Редакција

Уживајте на летното сонце – со заштита за косата и скалпот за да спречите предвремено стареење

Редакција