еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Сите во исчекување?! Што е тоа што ни го подготвува Sport Vision?!

Веќе неколку денови низ Скопје струјат информации дека нешто големо се подготвува во Спортската Сала Расадник. Од засега неофицијалните информации кои допираат до нас, дознаваме дека станува збор за нешто невидено до сега, нешто што пријатно ќе нѐ изненади и ќе го разубави секојдневието на голем број наши сограѓани.

Сѐ уште непотврдените информации доаѓаат пред сѐ од страна на урбани ликови и луѓе поврзани со спортот кои во минатото биле заштитни лица на кампањи за најпознатите светски спортски брендови како Nike, adidas, Under Armour, Reebok, Champion, Converse и други.

Oд таму, некако природно се наметнуваат гласините за она што се подготвува сите да го поврзат со Sport Vision, компанија која е лидер по продажба на спортска опрема од наведените, како и многу други брендови во нашата земја и воедно најголемиот спортски малопродажен ланец на Балканот.

Остануваат прашањата за тоа што ќе се случува во спортската сала Расадник деновиве.

Трагаме по информации, но по се изгледа дека ќе треба да почекаме уште малку за да ги дознаеме деталите.Ние ќе бидеме „залепени” пред нашите екрани и ќе ги чекаме одговорите на нашите прашања на facebook.com/SportVisionMacedonia и sportvision.mk, a вие?

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Отворен Саемот на книга: 35. јубилејно издание со најбогата програма досега  

Редакција

Шопинг изненадување со American Express на Силк Роуд Банка

Редакција

Браво: Наместо за прослава, Општина Кочани парите за 8. Март ќе ги даде за помош на жена-мајка

Редакција