еМагазин
Image default
Спорт

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Управниот одбор на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) ја прифати кандидатурата на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во 2025 година градот Скопје да биде домаќин на 18. издание на летниот Европски олимписки младински фестивал (ЕОМФ).

Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката Данела Арсовска денес официјално ќе го преземат знамето на ЕОК како симбол за организација на следниот ЕОМФ на затворањето на годинешното издание во Марибор, Словенија каде што ќе биде потпишан и договор за соработка помеѓу ЕОК и МОК за организација на Европските младински игри, Скопје 2025.

Претходно (21 jули), делегација на ЕОК го посети МОК кој организираше посета на спортската инфраструктура како и на сместувачките капацитети, но и се реализираа средби со заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи и градоначалничката Данела Арсовска.

Сите, во еден глас ја поздравија оваа иницијатива на МОК и истакнаа дека овој најголем младински Европски мулти-спортски настан е извонредна можност да се докаже дека МОК и градот Скопје се подготвени да ја прифатат привилегијата и оваа неверојатна можност како и извонредната обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети.

Од организациски аспект претстои многу работа, но имајќи предвид дека зад МОК стојат ЕОК, но и Владата како и градоначалникот на Град Скопје, може да се заклучи дека ќе имаме неверојатни игри во Скопје, во 2025 година.

Претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос им се заблагодари на Арсовска и на Димевски за нивната посветеност да се организира фестивалот.

На ЕОМФ Марибор 2023, се натпреваруваат повеќе од 2.400 спортисти и околу 1.000 официјални претставници, во 11 спортски дисциплини. Првото издание на фестивалот се одржало во Брисел во 1991 година каде што младинци на возраст од 14 до 18 години се натпреварувале на интернационалниот настан.

Македонија ќе биде една од 25. европски земји кои биле домаќини на зимски и летни игри и 16-та во која ќе се одржи летното издание.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Трчај како да бегаш од Македонија“: Хит транспаренти од Виз ер Скопски маратон

Редакција

Русинот Шишкарев на прославата за Вардар: „Сакам да станам Македонец, барам една година пасош, но никој не ми дава“

Редакција

(Фото) Скопјанецот Игор Талевски ја заврши само-поддржаната велосипедска трка низ САД од 6.920 км, заврши на 6. место

Редакција