еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Скопје и Охрид како Амстердам: Заев најавува пушење марихуана и во кафулиња

Премиер Зоран Заев во интервју за Дојче Веле вели дека планот за декриминализација и легализација на марихуаната е дел од поширокиот економски пакет, чија цел е да се стимулира домашната економија.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев во интервјуото.

Премиерот додава и дека ќе бидат исти стандардите за сите и секој да може да аплицира.

„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места“, вели тој.

Неговата проценка е дека овој проект може да им помогне и на угостителската дејност, но и на туризмот генерално.

„Ова е алатка со која можеме да ги дигнеме услужните дејности, затоа што тие малку учествуваат во домашниот БДП“, вели Заев и ветува дека на оваа тема ќе се отвори широка дебата, па „ако мнозинството каже ’не чепкајте таму’, нема да чепкаме.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Маричиќ: Декриминализацијата на марихуаната може да донесе повеќе поволности

Филипче: Лично поддржувам декриминализација на употребата на дрога

Заев: Освен декриминализација, лично поддржувам легализација на употребата на марихуана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Груевски, Ставрески, Тодоровиќ, Канческа-Милевска осомничени во “Феникс“

Редакција

23,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија биле без симптоми

Редакција

Реплек отвори нов пазар за своите фармацевтски производи

Редакција