еМагазин
Image default
Забава

Фестивал Скопско лето од 21 јуни до 31 јули

Многубројни музички настапи, изложби, театарски претстави и танцови перформанси ќе понуди 44.издание на фестивалот „Скопско лето“, што секоја година традиционално се одржува од 21 јуни до 31 јули.

„Годинава исто имаме околу 30-на настани на „Скопско лето, по еден секој ден. Како и секоја година, најзастапена ќе биде музиката, затоа што тоа е универзалниот јазик на комуникација меѓу цивилизациите, меѓу народите, но ќе има и театарски престави, ликовни изложби и различни форми на уметничко изразување“, нагласи директорот Никола Глигоров.

И покрај тоа што основата на програмата на Фестивалот „Скопско лето“ ја претставуваат домашни уметници, годинава ќе има и богат избор на меѓународни програми. За поголемиот дел од настаните влезот е слободен.

Фестивалот „Скопско лето“ ќе се отвори на 21 јуни на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката со концерт на Факултетот за музичка уметност. Покрај овој концерт ќе се одржат плус два концерти со хорот од Национална опера и балет, како и Гала оперски концерт.

Ќе се прикажат две театарски претстави за деца и тоа од Театарот за деца и младинци и од Сашо Ристовски. Факултетот за Драмски уметности ќе се претстави со неколку проекти. Ансамблот на Танец ќе одржи концерт на 22 јуни на плоштадот Карпошево востание. Концертна промоција на албумот „ВИДА“ на Miyatta ќе се случи на 28 јуни во Куршумли ан.

Ацо Кондев и Џон Илија Апелгрин ќе се претстават со изложување на дел од нивните фотографии и тоа во КИЦ и во Кинотека на Македонија. Од театарските претстави ќе бидат претставени најдобрите остварувања на Македонски народен театар и Драмски театар и тоа „Лагата“ од Флоријан Зелер во режија на Бесфорд Идризи и „Кафез кај кокони“ во режија на Димче Николовски за која секогаш се бара билет повеќе.

Дел од настаните ќе се одржат во Сули-ан, Куршумли-ан, фоаје на НОБ, Музеј на македонската борба. Скопско лето ќе се затвори со настап на словенечкиот квинтет Камерата Академика во Музејот на македонската борба.

Целата програма можете да ја следите на Фејсбук страницата на Скопско лето.

Скопско лето е синоним за масовна посетеност и исполнетост со активна публика. Програмата која што ја нуди, доминира со квалитет и дел од содржини коишто скопјани немаат прилика да ги видат другпат.

И оваа година, најголемиот дел од програмата на „Скопско лето 2023“ ќе биде посветен на домашните изведувачи, но фестивалот ги отвора вратите и за меѓународна соработка, па се најавуваат гости од Словенија, Америка како и од соседството.

Фестивалот „Скопско лето“ е во организација на Дирекцијата за култура и уметност.

Никола Глигоров, директорот на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, осврнувајќи се генерално за годинашното издание на „Скопско лето“, рече дека како дирекција се обиделе да направат програма која ќе одговара на потребите, интересот на граѓаните на Скопје.

Глигоров рече дека овој фестивал има мултимедијална програма и сака да комуницира со најмладите, децата, па сѐ до повозрасните.

На крај Глигоров спомена дека од Министерството за култура добиле 800.000 денари како поддршка за фестивалот, а од град Скопје не добиле ниту денар. Оваа година се надеваат дека ќе бидат поддржани и од Град Скопје.

На прес конференцијата покрај Глигоров се обратија и: Љубиша Кировски, професор на Факултетот за музички уметности, модната новинарка Сани и куратор Дијана Томиќ Радевска, која ќе се претстави со една невообичаена изложба на неколку локации по повод 60 години од скопскиот земјотрес.

Од организацијата на фестивалот се надеваат дека временските услови ќе бидат во прилог на настаните, бидејќи голем дел од настаните се на отворено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каролина и Кире Лазаров, пријателство од школски денови

Редакција

(Видео) Диџеј од Струга со настапи на тераса „против“ корона вирусот

Редакција

Mузичката дива Јасмин Леви за прв пат во Скопје, под покровителство на МТЕЛ

Редакција