еМагазин
Image default
Македонија

(Следете во живо) За излез од Македонија повеќе од половина час се чека на Табановце и на Богородица

На граничните премини Табановце и Богородица денеска има зголемена фреквенција на возила. На Табановце за излез од земјата се чека од 30 до 45 минути додека на Богородица е од 15 до 30 минути, соопшти АМСМ. На другите гранични премини нема подолги задржувања од македонска страна.

Интензитетот на сообраќај на автопатиштата е зголемен, а сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Каква е состојбата на граничните премини следете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанец преку Фејсбук повикал да се запалат наши државјани сместени во карантин

Редакција

Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19

Редакција

Кои министри заминуваат: Димитров нема да биде дел од новата Влада

Редакција