еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Следува стабилно време, со нешто пониски температури од изминатите денови

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови.

Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец.

Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што најави УХМР денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе биде силен и ќе надминува 70 километри на час. Попладне брзината на ветерот постепено ќе се намалува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Утре максималните температури ќе достигнат до 30 степени, а во вторник и среда ќе се намалат и ќе достигнат до 25 односно 26 степени. Потоа следи повторно постепен пораст, до 30 степени во сабота.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Панел дискусија: Со трансплантација на органи од починат донатор се спасуваат човечки животи

Редакција

За викендот и во понеделник сончево, во вторник дожд

Редакција

Весна Бејби за Тоше: Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, исто е како оној вторник

Редакција