еМагазин
Image default
ЖИВОТ

УХМР: Топењето на снегот од планините го зголеми водостојот на реките, внимателно движење во сливните подрачја

Топлото време и високите надпросечни температури на воздухот за овој период од годината условија интензивно топење на снегот од планините и зголемување на водостојот на реките низ земјава и тоа најмногу на оние кои доаѓаат од повисоките планински масиви, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во сливните подрачја кои доаѓаат од повисоките планински делови и каде има можност за интензивно топење на снегот во наредните денови.

„Поради високите како дневни, така и ноќни температури, топење на снежната покривка има дури и на повисоките планински делови со поголема надморска висина, што придонесува за забрзано зголемување на водостојот на водотеците низ земјава и тоа најмногу на оние кои доаѓаат од повисоките планински масиви, каде што се уште има поголеми количини на снег.

Топлото време и високите температури на воздухот ќе продолжат и во текот на денешниот ден, но и во наредните денови, така што за очекување е да биде висок водостојот на реките низ земјава“, се вели во соопштението од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

Редакција

Доктор Пановски: Вирусот со сите почести е пречекан од нашите власти, но и од неодговорноста на граѓаните

Редакција

Доктор Лазаров: Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо!

Редакција