Владата на Словенија прогласи крај на епидемијата со корона вирусот, со што оваа држава стана прва во Европа која барем засега се избори со овој невидлив непријател.
Националниот институт за јавно здравје заклучи дека ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, при што во изминатите 14 дена биле регистрирани само 35 нови случаи на зараза.
Но, иако голем дел од рестриктивните мерки нема да продолжат, сепак ноќните клубови, базените и теретаните остануваат затворени.
Остануваат затворени и хотелите со капацитет од над 30 гости.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
135 лица до 19 години во Македонија заразени со коронавирусот, просечната возраст 46
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.