еМагазин
Image default
Бизнис

Со 19,8 милиони денари од Буџетот ќе се финансираат програмски активности на 33 здруженија на граѓани

Владата донесе Одлука за распределба на 19.800.000 денари од државниот буџет за 2021 година за финансирање програмски активности на здруженија и фондации.

Ќе се финансираат активности на 33 здруженија на граѓани за проекти распределени во седум приоритети, информира владината прес-служба.

Првиот приоритет е обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните и за него се доделени 6.600.000 денари, вториот е справување со светската пандемија предизвикана од Ковид-19, со вкупно доделени 6.000.000 денари, третиот – заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, со 1.800.000 денари.

Четвртиот приоритет е владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност со 1.800.000 денари.

За петтиот приоритет – квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, се доделени 2.400.000 денари, за шестиот – модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација, која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти 600.000 денари, а  исто толку и за седмиот приоритет – успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ го доби тендерот на општина Штип за набавка на телекомуникациски услуги вреден 209.000 евра

Редакција

„Аутомобиле-СК“ го доби тендерот на Здравствен дом Кичево за набавка на возило за вакцини вреден 13.800 евра

Редакција

„Виз ер“ со поддршка за украинските бегалци: 100.000 бесплатни места на сите летови од Полска, Словачка, Унгарија, Романија

Редакција