еМагазин
Image default
Локално

Со автоматска пушка го застрелал во потколеницата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Б.(31) од с.Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.

На 01.07.2020 предугостителски објект во с.Мала Речица, тетовско, настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и М.Ш.(40) од Тетово, по што пријавениот земал автоматска пушка и пред домот на М.Ш. на ул.„Илинденска“ во Тетово испукал неколку куршуми кон него и го погодил во пределот на потколеницата.

По преземени мерки од страна на полициски службеници на 22.07.2020 пријавениот бил пронајден и лишен од слобода и му била одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 461 граѓани за неносење маска

Редакција

Со фалсификувана диплома напредувал во службата

Редакција

Татко и син загинаа во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Редакција