еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Со донација од dm дрогерие маркт, ОУ „Никола Вапцаров“ од Струмица доби ново хортикултурно уредување на училишниот двор

Еколошкиот проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“, кој најголемиот европски дрогериски ланец dm дрогерие маркт го започна минатата година по повод јубилејната 10-та година на македонскиот пазар, успешно влезе во својата втора година, информираат од таму.

Имено, како дел од овој проект, претставници на компанијата, заедно со своите институционални партнери од Факултетот за шумарски науки и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје, како и ЈП Комуналец од Струмица и сите деца од генерацијата од шесто одделение од ОУ „Никола Вапцаров“ од Струмица го преуредија училишниот двор посадувајќи речиси 200 нови садници.

Во речиси целодневен програм, учениците од паралелките од шесто одделение најпрво можеа да уживаат во предавање за значењето на дрвјата за екосистемот од страна на проф. д-р Кирил Сотировски – декан на Факултетот за шумарски науки „Ханс ем“, а потоа заедно со вработените од dm дрогерие маркт, наставниот кадар и вработени во ЈП Комуналец Струмица успеаја да засадат 200 нови садници со цел разубавување на училишниот двор.

„Навистина нѐ  радува што еден ваков убав проект успеавме да го доближиме и до најмладата популација. Втора година по ред поставуваме позитивни примери за еколошки стандарди во нашето општество. Хортикултурното уредување на училишниот двор на ОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица е само почеток на овогодинешната сезона на проектот Пошумуваме заедно за позелено утре“, изјавија од компанијата по повод стартот на новата сезона на проектот.

Покрај ова, за месец ноември од компанијата најавија и реализација на две дополнителни активности. На 12. ноември, во рамките на овој проект, компанијата најави пошумување на трим-патека во парк шумата Гази Баба во Скопје со нови 400 дрвја, додека пак за 26. ноември најавија и пошумување на неодамна опожарено земјиште во близина на Куманово со 30.000 нови садници.

Сите заинтересирани, повеќе за овие активности може да дознаат на веб страната на dm дрогерие маркт: dm.mk, каде можат и да се пријават за присуство на пошумувањето.

Само за потсетување, минатата година компанијата го лансираше овој еколошки проект со засадување на 27.000 стебла на 10 хектари површина во атарот на скопското село Миладиновци.

dm дрогерие маркт на македонскиот пазар постои веќе 11 години, а од самото основање до ден денес важи за општествено одговорна компанија која има реализирано низа општествено одговорни активности кои придонесуваат кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и кон подобрување на квалитетот на животот на социјално-загрозените категории на сограѓани. Само за проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ компанијата во изминатата година донираше повеќе од 1 милион денари општествени донации, а за оваа сезона издвојува повеќе од 1.3 милиони денари донации, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пакомак и Шпаркасе банка со донација за победникот на конкурсот за НАЈ eко-градоначалник

Редакција

Еко-свест: Скопје не е загаден само во зима, туку и во лето, а секој има право на чист воздух

Редакција

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Редакција