еМагазин
Image default
Техно

Телеком им помага на бизнисите да се заштитат од закани за сајбер безбедноста

Заканите за сајбер безбедностa експоненцијално пораснаа во последниве години. Брзиот развој на услугите базирани на облак (cloud) и вештачката интелигенција (АI) придонесоа за овој брз пораст. Во екстремни случаи, сајбер нападите можат не само да го оштетат, туку и целосно да го загрозат постоењето на бизнисите.

И покрај тоа, свеста за сајбер заканите е многу ниска и се чини дека воопшто и не се зборува за нив.

Телеком им помага на бизнисите да се заштитат со подигање на свеста и со понуда на безбедносни решенија коишто овозможуваат бизнисот да остане безбеден и поврзан, информираат од таму.

Три статистики во фокусот

Кои се главните области каде што бизнисите имаат најголеми слабости и се најизложени на закани: 81% од бизнисите не обезбедуваат обука за сајбер безбедност за своите вработени, 77% од компаниите немаат план во случај на сајбер напад, 54% од сајбер нападите доаѓаат од фишинг (phishing) или спам електронска пошта (spam е-mails).

Овие застрашувачки статистички податоци, коишто покажуваат занемарување на сајбер безбедноста, лесно може да се подобрат со сајбер безбедносните решенија на Телеком.

Првиот чекор кон сајбер безбедноста е откривање на проблемот

Телеком отвори посебна веб-страница со прашалник, каде што секој може да го тестира нивото на безбедност во својата компанија. Целта на тестот е да се откријат слабите точки под „оклопот“ на компаниите –проблематичните области на кои бизнисот најпрво треба да обрне внимание.

Започнете го краткиот тест за вашата компанија на: t-test.eu.

Погледнете ги видеата на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Samsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија: Galaxy Buds и Tab S7+ од денеска во продажба

Редакција

#ОстаниДома: Нова дигитална опција од Македонски Телеком

Редакција

Промовирана првата македонска национална стриминг платформа „Глеј“

Редакција