еМагазин
Image default
Македонија

Со изведување на докази од одбраната на Камчев продолжи судењето за „Плацеви на Водно“

Со изведување материјални докази од одбраната на Јордан Камчев, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“.

Се изведуваат вкупно 69 материјални докази, меѓу кои договори за пренос на удел од „Сирах лимитед“ на „Орка холдинг“ во износ од 1,5 милиони евра, како и аналитичка картичка за девизна сметка на „Орка холдинг“ за 2015 година од која се гледа преносот на средства, како и договори за пренос на сопственички удел на „Камчев консалтинг“ и на „Орка Фајненес“.

Адвокатот Тони Менкиновски, на почетокот на денешното рочиште, реагираше дека во текот на истражната постапка, иако била поднесена листа на докази кои одат во прилог на одбраната на сега обвинетиот, тие докази Обвинителството не ги обезбедило.

Менкиновски, посочи дека станува збор за даночен биланс за правните лица „Орка холдинг“ за 2016 година, и за „Камчев консалтинг“ и „Орка фајнанс“ за 2019 година, како и даночни пријави за ПДД за Јордан Камчев, Ратка Камчева и Ристо Новачевски, и аналитички картички од даночна евиденција за данок на добивка за правните лица „Орка холдинг“, за „Камчев консалтинг“ и за „Орка фајнанс“.

– Ова судија го баравме, а не го добивме од Обвинителот. Од која причина не ги доставил, најверојатно не му одговарале па не ги доставил, изјави адвокатот Менкиновски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Следното рочиште е закажано за 22 декември.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летниот распуст заврши, учениците се враќаат на настава без антиковид-протоколи и заштитни маски

Редакција

Корона вирусот продолжува да се шири низ Ресен

Редакција

Јанакиески останува на слобода, одбиен предлогот за притвор за настаните од 27. април

Редакција