еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Со крвна плазма третирани околу 70 пациенти со Ковид-19: Расте бројот на пријавени донори

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти.

Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент.

„Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излечени од коронавирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на Ковид-19 болест.

Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот,“ изјави директорот на установата, Седула Усеини.

Само излекувани пациенти од коронавирусот можат да даруваат. Тие треба се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина. Да бидеме хумани, да спасиме човечки животи.

Формулар за донор на Ковид-19 ковалесцентна плазма ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светски ден за борба против ракот: Кои се главни фактори на ризик за појава на болеста?

Редакција

Што треба да направите ако сте го пропуштиле терминот за вакцинација?

Редакција

Без симптоми 32,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција