На 18.05.2020 околу 19.30 во СВР Куманово било пријавено дека во с.Слупчане, кумановско, по претходна расправија со неговиот сосед С.И., Н.М испукал еден проектил во воздух од автоматска пушка, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што била пронајдена и подигната една чаура. Н.М. бил приведен, а му било одземено и оружјето. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.