еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Со Веро картичката до двојни поволности за потрошувачите цел август

Искористете ги двојните придобивки од пазарувањето со Веро картичката. При секое пазарување во Веро до крајот на месецов, со секој купен производ кој носи и дополнителни поени, поените на Веро картичката се дуплираат. Така, освен што потрошувачите добиваат двојно повеќе поени, добиваат и двојни придобивки од месецот на радост во Веро, информираат од компанијата.

Двојните поени и придобивки од пазарувањето во Веро се достапни и за новите членови на лојалната програма, односно и за тие што до крајот на овој месец ќе станат сопственици на Веро картичка.

Доколку сѐ уште немате Веро картичка, аплицирајте веднаш во кој било Веро маркет и искористете ги бројните поволности на лојалната програма.

– Поволностите што ги нуди Веро картичката континуирано се надградуваат и унапредуваат, со цел на нашите лојални потрошувачи да им обезбедиме многу попусти, најконкурентни цени на пазарот и бројни заштеди при секое пазарување во нашите маркети.

Во исто време, преку лојалната програма им овозможуваме на нашите добавувачи дополнителна промоција на нивните производи, што придонесува за поддршка на производството и развој на домашната економија.

Веро е компанија која постојано изнаоѓа иновативни начини за да им овозможи бројни поволности на потрошувачите за максимално уживање во шопингот, така што и во иднина ги очекуваат различни изненадувања со кои секогаш добиваат повеќе, вели Милана Петковски, одговорна за маркетинг одделот во Веро.

Меѓу потрошувачите владее огромен интерес за Веро картичката, која веќе има над 171.000 корисници кои преку програмата за лојалност остваруваат ексклузивни поволности и големи заштеди при купувањето. Веро секогаш ги следи модерните трендови во малопродажбата, креирајќи ги своите понуди и акции според потребите и барањата на потрошувачите, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Иван на кого му беше трансплантирано срце, си оди дома

Редакција

Стипендии за студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Редакција

Клик кредитот отсега достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство

Редакција