еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Кунгуловски: Пикот го очекуваме на почетокот на септември

Пикот на новиот бран на Ковид-19 го очекуваме на почетокот на септември, а со мерките задоцнивме, вели во интервју за ТВ24 доктор Горан Кунгуловски.

-Пикот најверојатно ќе стигне малку побргу, има недела или две разлика од сите претпоставки досега. Сега гледаме дека има една нагорна линија на позитивни пациенти, заразени со коронавирусот.

Откако го детектиравме првиот пациент со делта-сојот во Македонија, знаевме дека ќе има една нагорна линија и знаевме дека таа нагорна линија, отприлика, ќе заземе некој интензитет во август и дека најверојатно својот врв ќе го достигне во септември, вели Кунгуловски.

На прашањето за разликата меѓу алфа и делта-сојот, Кунгуловски вели дека во однос на смртноста засега нема некои веродостојни податоци.

– Најверојатно се тука некаде или делта-сојот е потенцијално малку посмртоносен. Но, бидејќи во Европа и во светот имаме сѐ поголем број на луѓе со некаков имунитет, дали природен или вакцинален, иако делта-сојот е силно пренослив, таа смртност нема да доаѓа толку до израз.

Тоа е така, бидејќи бројот на имунизирани луѓе кои ќе бидат хоспитализирани или кај кои ќе доведе со смртен исход, ќе биде многу помал во споредба со луѓето кои немаат никаков имунитет, без разлика дали се работи за природен имунитет, вакцинален имунитет или комбинација на природен и вакцинален имунитет, вели тој.

Според него, невакцинираните граѓани доколку се заразат со коронавирусот може да имаат потешка клиничка слика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Влегуваме во финалето на ужасот, кој не се вакцинирал и не прележал, најдобро да избегнува луѓе во затворен простор

Доктор Кунгуловски објаснува за делта сојот и вакцините и прогнозира кога ќе имаме нов пик

Професор Трајковски: Веќе сме во нов бран на Ковид-19, пикот би бил околу 10 септември

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21-годишен донор од Германија донираше матични клетки на македонски пациент со акутна леукемија на 68 годишна возраст

Редакција

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко, доби близнаци

Редакција

Раст од 19,4%: Минатата недела 43 лица по вторпат заболеле со Ковид-19

Редакција