еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија останува во кризна состојба до 30 јуни

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 25. седница денеска со 61 гласа „за“, без „против“ и без „воздржани“ ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година.

На седницата не присуствуваа пратениците од опозицијата.

Со  одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението е најмногу до 30 дена.

Владата на седницата на 1 декември го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година.

По стапувањето во сила на тековната кризна состојба беше овозможено дел од припадниците на Армијата да се вклучат во физичко обезбедување на ковид центрите, според Предлогот изработен од Главниот штаб за управување со кризи.

Министерствата за здравство, за внатрешни работи, за одбрана, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, пак, беа задолжени да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има или ќе нема избори во април?

Редакција

Имунитетот од вакцината на „Модерна“ ќе трае најмалку една година

Редакција

МВР го продолжи периодот на престој на странци до 31 август

Редакција