еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Петар Атанасов

Собранието на Република Македонија на денешната 58. седница констатира дека на пратеникот од СДСМ Петар Атанасов му престанува мандатот.

„Бидејќи пратеникот Петар Атанасов беше избран од листа на кандидати потребно е Државната изборна комисија да го извести Собранието за кандидатот од оваа листа на кој треба да му се верифицира мандатот за пратеник согласно член 153 од Изборниот законик“, рече претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Атанасов поднесе оставка од функцијата на 23 овој месец и се очекува тој да биде избран за заменик-министер за образование и наука.

Џафери потоа ја прекина седницата и најави дека таа треба да продолжи по 13 часот. Тој повика матичните работни тела да заседаваат.

Собранието на Република Македонија на денешната 58. седница по скратена постапка донесе неколку закони: Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на патната делница Крива Паланка-Деве Баир (граница со Бугарија), што ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавно претпријатие за државни патишта, Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – V фаза, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка, Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Мегународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги.

МИА/Фото:Фејсбук/Петар Атанасов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Може да добие казна затвор од 5 години: Македонец во Хрватска се обидел да убие еден, а повредил четворица врсници со нож

Редакција

Мицкоски се знаел со Александар Верушевски: Тој е грижлив родител и посветен сопруг

Редакција

Намалување од 39,3%: Минатата недела 1.069 случаи на Ковид-19

Редакција