еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четврта жртва на коронавирусот во Македонија: Почина жена на 66 годишна возраст од околината на Струга

Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга, информираат од Министерството за здравство.

Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден.

Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација, информираат од Министерството.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирусот преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 241: 22 нови случаи на заболени со коронавирусот, 9 во Скопје

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема простор за паника во врска со конго-кримската хеморагична треска, вели Петличковски

Редакција

Судење за „Меѓународен сојуз“: Бизнисменот Ардијан Амзоски бара отштета од 195.000 евра

Редакција

За неносење заштитна маска 203 казни во изминатото деноноќие

Редакција