еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Собранието ги донесе законите за данокот на солидарност, за додадена вредност и за данок на добивка

Собранието на Македонија на денешната седница ги донесе законите за данокот на солидарност, дополнувањата за законите за додадена вредност и за данок на добивка.

Општата расправа за овие законски решенија беше завршена на претходни продолженија на 120. седница.

Пратениците денеска ги прифатија предлозите за избор на Абдулменаф Беџети, Марина Трпевска и Глигор Бишев за нови членови на Фискалниот совет на Македонија, а го донесоа и предлог законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Албанија зa меѓународен воден транспорт во Oхридското Езеро.

Беше изгласан и предлог законот за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од финансиските друштва издаваат потрошувачки кредити, лани изречени глоби во вкупен износ од 16.000 евра

Редакција

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на МАПАС за набавка на две лимузини

Редакција

Паѓаат каматите на кредитите и депозитите

Редакција