еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието ги одложи пописот и локалните избори

Собранието вечерва ги усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, по скратена постапка и измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто се предвидува воведување на терминали за отисок од прсти на локалните избори што се одложуваат за втората половина на октомври.

Измените и дополнувањата на Законот за попис беа донесени со 95 гласа „за“, а „против“ гласаа 12 пратеници. Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за“, додека 12 против. Воздржани немаше.

Исто така со 95 гласа „за“ беа донесени измените на Изборниот законик, кои беа поднесени од сите пратенички групи и за кои немаше расправа. Против и воздржани немаше. Во гласањето по Бадентер, 27 пратеници припадници на заедниците гласаа „за“, а против и воздржани немаше.

МИА/Фото: МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“

Редакција

Од 1 октомври пониски цени за за роаминг за мобилен интернет меѓу Западен Балкан и ЕУ

Редакција

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за јавните набавки во Министерството за здравство

Редакција