еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Од 1 октомври пониски цени за за роаминг за мобилен интернет меѓу Западен Балкан и ЕУ

Триесет и осум телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан со поддршка на Советот за регионална соработка (СРС) и Европската комисија се согласија да овозможат поевтин роаминг за податочни услуги помеѓу Западен Балкан и ЕУ за граѓаните и бизнисите од двата региона.

-Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата е еден од 38 телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан кои се согласија да овозможат поевтин роаминг за податочни услуги помеѓу Западен Балкан и ЕУ за граѓаните и бизнисите од двата региона, информираат од таму.

Со оваа доброволна спогодба, операторите се обврзаа значително да го намалат јазот помеѓу надоместоците за роаминг и домашните надоместоци меѓу ЕУ и Западен Балкан (во обете насоки).

Следниве максимални нивоа на малопродажни цени („price caps“) за 1 гигабајт ќе важат во периодот од октомври 2023 година до 2028 година: 18 евра од 1 октомври 2023 година, 14 евра од 2026 година и 9 евра од 2028 година.

Воведувањето на ограничувањата на малопродажната цена се очекува да доведе до значително намалување на цените за роаминг за податочни услуги за корисниците коишто патуваат меѓу ЕУ и Западен Балкан за најмалку една третина од сегашните просечни цени на роаминг за податочни услуги.

Операторите во моментов работат на имплементацијата на производите со цени под договорените ограничувања на малопродажната цена коишто ќе им бидат достапни на колку што е можно поголем број корисници. Ова има за цел да ги зајакне врските меѓу двата региона така што ќе ги поттикнува и поедностави деловните, културните, туристичките и другите размени.

Оваа декларација е резултат на одлучувачкиот ангажман на телекомуникациските оператори на ЕУ и Западен Балкан, олеснувањето и поддршката на СРС и Европската комисија, како и заложбите на властите во регионот.

На иницијативата се поканети да се приклучат и други телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранимир Јовановиќ се повлекува, повеќе не е советник на Тевдовски

Редакција

(ВИДЕО) Кои беа едни од најпознатите песни кои ги напиша Марина Туцаковиќ

Редакција

Трајанов по лидерската: Партија од опозицијата чека за влез во Владата

Редакција