Двајца млади хрватски државјани се хоспитализарни во Винковац, поради сомнение дека се заразени со коронавирус.
Тие се вратиле од работа од Кина, пренесува хрватски „Индекс.хр“.
Медицинските власти очекуваат потврда, дали се работи за коронавирус или не.
Момчињата се изолирани и се преземени сите соодветни мерки кои се по препорака на Светската здравствена организација (СЗО). Едно од момчињата било со зголемена телесна температура, а другиот имал проблеми со респираторниот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија набавува заштитна опрема за медицинските лица поради коронавирусот
Мапа: За еден ден починаа 58 лица од коронавирусот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.