Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во наредните денови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Температурата ќе биде во постепено опаѓање.