еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сончево и ветровито време денеска, температура и до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со  умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

За следните денови, синоптичарите најавуваат период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

16 пациенти вакцинирани со „Синофарм“ починале од Ковид-19 минатата недела, а шест со „Синовак“

Редакција

Глобалната препознатливост на вината од овој регион зависи од производство на квалитетно грозје по светски стандарди и заедничкиот настап

Редакција

Лицата без лични документи конечно ќе добијат извод и лични карти

Редакција