еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Сообраќајот по наместа влажни коловози, магла во Ресен и на Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла (50 метри) има во Ресен и на планинскиот превој Ѓавато, информираат изутринава од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кожувчанка“ донираше генератор за струја на градот Буча од Украина, збратимен со Кавадарци

Редакција

СВР Тетово: Не објавувајте на социјалните мрежи дека не сте дома за да не привлечете крадци

Редакција

Можно е корона вирусот да бил присутен кај нас многу порано од што се знае

Редакција