еМагазин
Image default
Свет

Сослушан Русинот чиј брод со амониум нитрат експлодираше во Бејрут

По барање на Интерпол, кипарската полиција го пронашла и го сослушала 43-годишниот Русин, поранешен сопственик на бродската компанија, која во Бејрут пренела амониум нитрат, објавија медиумите од островот.

Портпаролот на полицијата на Кипар, Христос Андреу, за кипарската новинска агенција ЦНА рекол дека по комуникацијата со Интерпол во Либан и „во рамките на меѓународната полициска соработка беше пронајден 43-годишниот жител на Кипар во врска со карго бродот конфискуван на пристаништето во Бејрут во 2014 година“ и бил повикан да даде одредени информации за конкретниот брод, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на кипарската полиција демантирал дека 43-годишниот има кипарско државјанство.

Медиумите во Кипар, повикувајќи се на информациите од руски медиуми објавија дека амониум нитратот што веројатно е и причината за големата експлозија, пристигнал во Бејрут во септември 2013 година со карго бродот „Rhosus“, тогаш во сопственост на 43-годишниот Русин.

Во експлозијата во Бејрут загинаа 145 лица, а околу 5.000 се повредени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО предупредува дека корона вирусот напаѓа се помлади луѓе

Редакција

(Фото) По ќерките, санкции од САД и за љубовницатa на Путин

Редакција

Ново ревидирано обвинение за Трамп за мешање во последните претседателски избори

Редакција