Состојбата во ГОБ „8 Септември“ е под контрола. Околу 20 лица – доктори, медицински сестри и технички персонал се во домашна самоизолација по основ на контакт со потврден случај, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова-Бухова.
– Работата во болницата не е компромитирана. Болницата „8 Септември“ работи со својот персонал и со помош на други здравствени институции со полн капацитет, истакна Сотирова-Бухова, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
Епидемиолошката анкета укажува дека првите два позитивни случаи на Ковид-19 од медицинскиот персонал во болницата се разболеле од контакт однадвор.
– Првите два позитивни случаи според епидемиолошката анкета укажува на импортирана инфекција однадвор. Другите се изолирани врз основа на контакт со позитивно лице, рече Сотирова-Бухова.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Секој ден се повеќе се пополнуваат болничките капацитети со болни од корона вирусот