Одморите завршуваат и се приближува првиот училиштен ден, гужвата на работа и новите секојдневни обврски. Овој помалку стресен период може да се преброди со неколку совети.
Подгответе го својот распоред предвреме
Како доаѓа септември така распоредот се менува. На работа се зголемува обемот на задачи, на школо се наметнуваат часовите и смените, и се раѓаат нови обврски. Ова може да изгледа хаотично на моменти па затоа најдобро е во текот на ноќта да одделите најмногу 10 минути и да си ги запишете обврските на лист хартија пресметувајќи колку време би требало за секоја од нив и притоа да одлучите за приоритетите.
Подгответе ја облеката за овој период
Ова е едноставно, но многу често се заборава и доведува до моменти кога ќе станете наутро и се брзате поради тоа што не ви се подготвени алиштата. Прво и основно е да се ослободите од облеката која не ја носите, а потоа да ги селектирате алиштата кои се погодни за претстојните температури и да ги подготвите за носење барем во првата недела од септември.
Во овој период економично е да одите во предвремен шопинг и да ги пронајдете совршените парчиња облека кои ќе ви одговараат. За овој совет да го употребите најефикасно може да ги побарате и попустите кои се организираат низ продажните центри како Капитол мол каде добивате 2 во 1 со тоа што преку Ултра распродажба имате попусти до -70%, и одлични акции преку Back to school кампањата.
Оваа можност може да ја искористите од 30ти август до 6ти септември. Моментално во тек е и конкурс кој носи интересни подароци за најмалите членови на семејството и за кој можете повеќе да дознаете од официјалната Фејсбук фан страна: www.facebook.com/capitolmall
Заборавете на финансиските грижи преку креирање на дневен буџет
Најчесто летата може да бидат прилично скапи и со тоа надоаѓаат бројни финансиски грижи за претстојниот период. За да го избегнете ова ќе мора да одделите време пред почетокот на септември и да го определите својот буџет за претстојниот период.
За ова да го остварите можете да ги соберете цените на сите работи кои ви се потребни и да процените колкав буџет имате за подготовките согласно примања. Од таа сума можете да издвоите уште 10% за неочекувани ситуации и добиената сума поделете ја со бројот на денови кои ги има во месецот.
Со тоа го добивате вашиот дневен буџет и би било најдобро доколку се држите кон истиот. Воедно, за решавање на овој предизвик може да ги искористите попустите од -70% и акциите од Ултра распродажба и Back to school кампањите во Капитол мол од 30ти август до 6ти септември.
Овде покрај тоа што ќе ги надминете финансиските грижи ќе може да се забавувате со целото семејство на Забавно шоу за првачиња кое ќе биде организирана заедно со училиштата од општина Аеродром, со Поточиња и Пијанофорте.
Уживајте во претстојниот период
Наместо да се нервирате пробајте да најдете уживање во периодот кој следи, во динамиката која ја носи, во животниот напредок кој ќе го овозможи, во предизвиците кои ќе ви помогнат да се изразите и да се изградите. Секој дел од животот е убав без разлика дали е пролет, лето, есен или зима, а вие само треба да уживате во тоа.