еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Советникот на Стејт департмент, Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата

Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле ќе ја посети Македонија на 14 декември за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот, објави Гласот на Америка.

Покрај во Скопје, Шоле од 11 до 1 7 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија.

– Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, наведуваат од Стејт департментот.

Серијата посети, Шоле ќе ја заврши во Брисел на 16 до 17 декември со цел да разговара за соработката со европските партнери и сојузници за низа глобални прашања, вклучително и за континуирана поддршка за Украина, пристапот во ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и за енергетската безбедност и дијалогот меѓу Косово и Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корупцијата во Македонија се влошува, а не се подобрува, вели британскиот амбасадор

Македонија да учи од примерот на Бугарија, која не влезе во Шенген зоната поради корупција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

92 се реинфекции: 465 нови случаи на Ковид-19 од 1.707 тестови

Редакција

Притвор за наставникот од Чегране кој допирал и бакнувал ученичка на деветгодишна возраст

Редакција