еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук профил соопшти дека МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари.

Спасовски уште еднаш апелира на совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Предупредува и дека ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните, ќе мора да сноси одговорност.

„Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова Година откако започнавме со апели и проверки преку Секторот за превенција при МВР. Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти.

Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје, ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност“, пишува министерот Спасовски.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е д-р Арменд Арслани, новиот заменик-министер за здравство

Редакција

Жителите на Слупчане, каде се краде 80% од струјата, биле чесни, вели министерот Бектеши

Редакција

Мицкоски: Заев и Бучковски водат тајни преговори за ново национално предавство

Редакција